Европските квалификации во борење одложени

Европските квалификации во борење за Олимписките игри во 2020 година од 19 до 22 март во Будимпешта, Унгарија, се одложени поради коронавирусот. Притоа се одложени и Светскиот квалификации наречени „Последна шанса“ во Софија, Бугарија, закажани од 30 април до 3 мај.

Обединетото светско борење (ОСБ/ UWW) дополмително ќе се произинесе за новиот датум.

Настаните ќе бидат презакажани, при што Европскиот квалификации се очекува да се одржат кон средината на мај и Светските „Последна шанса“ на почетокот на јуни.

„Ние внимателно го следиме одговорот на владите за Ковид-19 и ќе продолжиме да им обезбедуваме ажурирани информации на нашите борачи, тренери и навивачи за она што следува“, рече претседателот на Обединети светско борење Ненад Лаловиќ и додаде:

„Процесот за утврдување на нашите олимписки учесници ќе се случи на душекот, но треба да останеме трпеливи и будни бидејќи светската заедница се бори против оваа пандемија. Здравјето и благосостојбата на спортистите е апсолутен приоритет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON