Штипјани го пречекаa европскиот шампион во карате, Емил Павлов.
Општинската сала беше претесна да ги собере сите сограѓани на Павлов кои со многу бурни аплаузи, честитки и признанија го пречекаа. Се скандираше неговото име.
Прв го пречека градоначалникот Благој Бочварски, при што му врачи ваучер во вредност од 50 илјади денари и подарок рачен часовник од Општина Штип.
Емил и неговиот тренер Сашко Арсовски имаа обраќање пред сите љубители на каратето и фанови на европскиот шампион.
Сашко Арсовски забележа дека неговиоот каратист ги покажал сите свои квалитети на ЕП и дека има големи ншанси да биде и македонски претставник на ЛОИ во Токио.
Емил Павлов при обраќањето уште еднаш доби громогласен аплауз, а кога збируваше беше прекинуван со овации.
„Ви благодарам на сите што ме поддржувавте, ми дававте голем мотив да успеам на ЕП. Сега на ред е СП. Моја желба е и од него да се вратам со медал и да стигнам и на ЛОИ“, рече миленикот на штипјани Емил Павлов.
Ipon.mk