Европската џудо унија твитна на опасниот прекршок на Серхио Рамос за кој постои поделено мислење дали намерно или ненамерно го повреди најдобриот играч на сезоната во Премиер лигата,Мохамед Салах.
„Ваки-гатамe е опасна техника и затоа не е дозволена во џудото. Но во фудбалот доволно добра за да се освои Лигата на шампионите“.
Waki-gatame is a dangerous technique. That's why it is not allowed in Judo to use for transition to ne-waza. What do you think about this foul yesterday evening in the #UCLFinal between #RMALIV? pic.twitter.com/mHmADyG7LB
— European Judo Union (@europeanjudo) May 27, 2018
Од Фудбалската федерација на Египет денеска стигна информација дека Салах ќе оди на рехабилитација во Шпанија и дека се очекува да биде подготвен за стартот на Мундијалот во Русија.
На петицијата против Рамос од вчера до денес се потпишаа нови 100.000 луѓе и сега брои над 470.000 потписи.