Еве зошто Мек Грегор би се тепал со судија, но не и со Хабиб Нурмагомедов

Самиот Хабиб Нурмагомедов се запраша зошто шампионот Конор Мек Грегор сака да се тепа со судијата, а не сака со него.

„Треба да ги следиме правилата. Понекогаш се случуваат и такви работи, но не разбирам зошто се обиде да се тепа со судијата. Едноставно не разбирам. Тој секогаш и го прави тоа. Не разбирам зошто си дозволува, а други не. Затоа ли е Конор Мек Грегор? Не може да постапува така. Од УФЦ треба да го смират малку. Кога сме на такво ниво, мора да се почитуваат правилата, бидејќи многу луѓе не гледаат. Зошто не се закачи со мене пред УФЦ 205? Затоа што е свесен дека јас нема да се воздржи да му вратам. Можеби му налета, бидејќи знае дека не е борец и нема да му одговори. Јас, на пример, никогаш не удирам ако знам дека другиот не може да се тепа со мене. Па јас ќе го убијам … Во дадени моменти, едноставно, треба да се воздржам. Како професионални спортисти сме доста опасни“.

Мек Грегор првично требаше да се бори во главната борба на УФЦ 219, но по скандалот во Белатор е отстранет барем до почетокот на идната година од фајт картата на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО