Сениеса Естрада – Супер лошата го заврши мечот неверојатно брзо за рекордни 7 секунди.
Сениеса Естрада од ноќеска е рекордерка во светот на боксот со најбрз нокаут во историјата за само 7 секунди. Естрада ја нарекуваат Супер лошата, а го потврди прекарот еспресно брзо.
Со 5-6 молневите удари успеа да ја заврши борбата против Миранда Аткинс, која го доживеа првиот пораз во кариерата.
🚨 RECORD BREAKING 🚨
@SeniesaSuperbad 7 second KO! 💥
@dazn_usa! #OrtizVargas pic.twitter.com/VrropY87FY
— Golden Boy (@GoldenBoyBoxing) July 25, 2020
Естрада со 19-та победа во исто толку мечеви стана шампионка во мува категорија во ВБА и во ВБЦ верзијата. Аткинс воопшто не требаше да и биде противничка на 28-годишната Американка, но влета како замена за повредената Џеки Калво.
„Ја почитувам бидејќи имаше храброст да боксува против мене, иако не беше планирано. Кога почна мечот едноставно не можев да сопрам со ударите“, изјави Естрада.
Таа сега го има ореолот привремена шампионка во својата категорија, а треба да го потврди со победа против Калво, кога ќе има услови за тој дуел.