Американскиот телевизиски канал ЕСПН состави листа на 25 најдобри боксери во светот, без разлика на тежинската категорија до 25 години.
Неприкосновениот светски шампион во лесна категорија, 23-годишниот Американец Девин Хејни се најде на врвот на листата. Хејни има скор од 28-0 во бокс и победи на 15 мечеви со нокаут. На почетокот на јуни годинава стана неприкосновен шампион откако со одлука на судиите го совлада Џорџ Камбосос.
За одбележување е дека во топ 10 најмногу боксери се од САД. Ова се боксерите кои влегоа во топ 10 на нивната листа:
1.Девин Хени (28-0, 15 КО), САД
2.Џеси Родригез (17-0, 11 КО, САД
3.Вирџил Ортиз (19-0, 19 КО), САД
4.Џунто Накатани (23-0, 18 КО), Јапонија
5.Рајан Гарсија (23-0, 19 КО), САД
6.Себастијан Фундора (19-0-1, 13 КО), САД
7.Дејвид Морел (7-0, 6 КО), Куба
8.Џеред Андерсон (12-0, 12 КО), САД
9.Ксандер Зајас (14-0, 10 КО), Порторико
10.Брендан Ли (26-0, 22 КО), САД