Угледниот ЕСПН на својот попис на најпознати спорстисти во светот за 2019 година , „ESPN World Fame“ на високото пето место ја смести мега ѕвезадата на УФЦ Конор Мек Грегор. На новата ранг листа фудбалерот Кристијано Роналдо е прв, вторе кошаркарот Леброн Џејмс, ѕвездата на Барселона Лео Меси е трет, а Бразилецот Нејмар четврти. „Озлогласениот“ го затвора ТОП 5.
Треба да се нагласи дека одличното 15 место го држи УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов.
Боксесрките ѕвезди се многу послаби. Најдобро место го држи светскиот шампион во супертешка категорија Дионтеј Вајлдер на 34 место. Британецот Тајсон Фјури е 39, Ентони Џошуа 63, Канело Алварез 68, Генади Головкин 78 и Мани Пакијао 83 на листата на 100-те најдобри.
Да споменеме дека од регионалните спортисти, тенисерот Новак Ѓоковиќ од Србија е на 20-тото место и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ на 60-тата позиција.
Целата ранг листа на ТОП 100 најпознатите светски спортисти погледнтете ја овој ЛИНК.