Еспиноза: Многу е тежок патот до Олимписките игри

Претседателот на Светската карате федерација, Антонио Еспиноза, изрази задоволство од престојот во Македонија на прес-конференцијата во Агенцијата за млади и спорт, при што истакна дека Балканското првенство, кое утре и во недела се одржува во Охрид, ќе има квалитени борби, како вовед пред Светското првенство во Германија.

2014-10-17 11.03.22

Тој истакна дека на Извршниот комитет на Балканската федерација ќе се разговара за унапредување на карате спортот и негово наметнување на спортската сцена. На Конгресот на ВКФ во Бремен, Германија, за време на Светското од 5 до 9 ноември, ќе се разговара како каратето да се наметне на мапата на спортовите во светот, но и да биде дел од Олимписките спортови.

На прашањето дека тој процес на припојување трае предолго, Еспиноза рече: „Тоа е многу тежок процес. Одлуката треба да ја донесе Меѓународниот олимписки комитет, иако три пати бевме блиску каратето да се најде на ОИ (2003, 2009 и 2013 година). Треба некој спорд да испадне за друг да влезе во олимписката програма. На Конгресот, што ќе се одржи кон крајот на годината во Монако, ќе бараме да се најде друг пат за влегување во олимписката програма“.

Тој е убеден во квалитетот на балканските каратисти, затоа е убеден дека учесниците на Балканското првенство ќе имаат успех и на СП. За Македонија вели дека е карате земја и дека ќе има успеси ако каратето биде на ОИ.

И генералниот секретар на ЕКФ, Стјепан Челан, нагласи дека Македонија има квалитетн карате спорт, потсетувајќи дека нашата земја беше значаен фактор во поранешна СФРЈ. Челан вели дека единството во каратето и политиката го издигнало макиедонското карате на европската и светската сцена.

Директорот на АСМ, Марјан Спасевски, нагласи дека со гостите разговарле за можноста каратето да биде олимписки спорт, зашто така Македонија ќе се надева на освојување на олимписки медал. Тој истакна дека Македонија дава целосна поддршка на ВКФ кратето да стане олимписки спорт. Се надева дека во иднина нашата земја ќе биде организатор на едно сениорско првенство од европски или светски карактер.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON