Ниџицу клубот Битола одржа есенски семинар „Демонстрација на рју ха мацедониан нинџицу стилот“ што се тренира во истоимениот клуб. Но, според одговорните од клубот, со тоа започнаа и физичките подготовки за престојните турнири за бразилско џиу џицу и ММА.
„Семинарот се одржа во два дена и се работеше техника од таи џитцу самоодбрана, исто така се тренираше со нож, пробни вежби за спустање и качување по јаже. Се зајакнуваа телото и психата. Најподготвените ги одработија традициналните 1000 склекови. Како загревање, во двата дена,се планинареше преку 25 км. Најподготвената екипа го заврши семинарот со трачање до Битола, околу 20 км. Сите беа исцрпени по тортурите. Беше добро искуство, а клубот стана побогат со двајца зелени појаси кои во иднина ќе блескаат на турнирите ширум Македонија и надвор. Воедно, тие ќе помагаат да се обучат и следни генерации на нинџи“, вели Сашко Мирчевски.
Ipon.mk/В.Д.