Ертан Реџепи ќе ја претставува Македонија на Европското првенство за сениори во самбо, што викендов ќе се одржи во Загреб, Хрватска. Тој ќе се натпреварува во категоријата до 69 килограми.
Од таборот на нашата репрезентација истакнуваат дека пласман во првите петмина би било задоволувачки резултат за нашиот натпреварувач.
Покрај Реџепи, на ЕП ќе патуваат и претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, и Славчо Тодоров.
На 14 мај ќе се одржи Конгресот на Европската самбо федерација.
ipon.mk/В.Д.