Ерол Спенс вели дека е блиску до договор за борба против Теренс Крафорд

Изгледа дека светскиот боксерски шампион во полусредна категорија на ВБЦ, ВБА и ИБФ верзиите, Ерол Спенс Јуниор (28-0, 22 КО) и сопственикот на шампионскиот појас на ВБЦ Теренс Крафорд (38-0, 29 КО) наскоро би можеле да се договорат за меѓусебна пресметка.

Имено, за нивната борба се зборува долго време, а се доби нова димензија кога на крајот на минатата година Крафорд се раздели со Боб Арум и Топ ранг.

„Мислам дека никогаш не бевме поблиску до договор. Ако не го договориме нашиот меч сега, тогаш нема да го договориме. Верувам дека можеме да договориме борба“, изјави Ерол Спенс.

И двајцата американски боксери се на врвот на својата кариера и време е за нивна пресметка. Пред неколку месеци, Крафорд даде слична изјава.

„Нема никакви пречки на патот до договарање на меч. Никој повеќе не може да го блокира. Да организираме борба и да видиме кој е најдобриот велтер категорија во светот“, изјави Теренс Крафорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON