Kубанскиот боксер, Ерисланди Лара (33 г.), продолжува да притиска за меч со шампионот Генади Головкин.
„Јас сум спокоен, бидејќи си ја вршам работата и заработувам. Не се плашам од средба со Головкин. Мислам дека јас сум оној кој најтешко заработува на рингот. Исто, како што беше во борбата со Саул Алварез. Подготвен сум за секој предизвик, но, оние кои тврдат дека се најдобри, не сакаат да се борат со мене. На крајот на краиштата, на луѓето им омразна Головкин да победува само против слаби противници. Еден ден ќе мора да се бори со мене“.
Лара долго време сака да среди дуел со казахстанскиот боксер, но другата страна не му обрнува доволно внимание.