Со или без титули, Ентони Џошуа вети дека ќе се соочи со Тајсон Фјури.
Тие беа блиску до средба во август во Саудиска Арабија, но нивната борба пропадна бидејќи Фјури беше принуден да се сретне со Дионтеј Вајлдер.
Сега ќе ја брани титулата на ВБЦ против Американецот на 9 октомври во Лас Вегас.
Џошуа на 25 септември ќе ги брани титулите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО против задолжителниот предизвикувач Александар Усик.
Ентони ги негира гласините дека избегнува борба со својот сонародник.
„Тој е борец, зарем не? И што е најлошото што може да се случи? Ќе бидам удрен. Тој постојано им кажуваше на луѓето дека не сакам да се борам со него, но вистината е дека направивме се што би можело да ја оствари оваа борба. И сè додека сум шампион ќе се соочувам со сите.
Дури и без титули, ти кажувам дека 100 отсто ќе се борам против него. Ајде да го направиме тоа. Ќе го оденсам. Многу е досаден. Не зборувам толку многу за тоа на социјалните мрежи, бидејќи секој може да кликне на копчињата на компјутерот и да разговара. Да бидеме вистински и да бидеме искрени. Оставете ги луѓето да разберат. Тајсон Фјури е тој што ги доведува во заблуда своите фанови“, рече Џошуа.
Во меѓувреме, менаџерот на Џошуа, Еди Херн, смета дека февруари е многу реално време за борба меѓу нив.