Поранешниот светски шампион во бокс, Ентони Џошуа, откри дека е мотивиран повторно да стане шампион.
33-годишниот борец ги загуби титулите во септември 2021 година. Ентони загуби со одлука од Александар Усик. Еј Џеј беше категоричен дека ќе ги врати титулите, но тоа не се случи. Во август Џошуа направи реванш со Усик во Саудиска Арабија, но пак загуби со одлука на судиите.
Така забележа 2 порази по ред. Ентони има скор од 24-3 во бокс и 22 победи со нокаут. Тој се уште е во потрага по нов предизвикувач и ветува дека ќе направи голем бум во 2023 година. Во моментов Џошуа размислува само за појасите.
„Ми се допаѓа што моето име постојано се слуша. Имам можност да се вратам на врвот. Ќе се борам со секој кој е подготвен.
Дефинитивно сум подготвен и имам намера да направам солидна врева следната година. Ако сте доследни и одржувате форма, тогаш сè дефинитивно ќе успее.
Умирам повторно да ја освојам титулата. Тоа е единственото нешто што ги движи моето срце и душа“, изјави Џошуа.
View this post on Instagram