Светскиот шампион во тешка категорија на ИБО, ИБФ, ВБА и ВБО, Ентони Џошуа, денеска учествуваше на маршот „Black Lives Matter“ во неговиот роден град Вотфорд.
Маршот се одржа во знак на протест против акциите на полицијата во САД, поради што Џорџ Флојд почина на 25 мај.
Џошуа (30), кој минатата недела на тренинг го повреди левото колено, најпрво тргна на електричен скутер и потоа одеше со патерица заедно со сите други.
Боксерот носеше џемпер на Black Lives Matter и одржа говор пред публиката.
Anthony Joshua joins Black Lives Matter protest march in Watford https://t.co/IQSUFYoMbZ
— Mail Sport (@MailSport) June 6, 2020