Ентони Џошуа: Со Усик отидов да се надбоксирам за да докажам дека сум боксер, а не бодибилдер

Поранешниот светски шампион вели дека особено болен е фактот што таа вечер против себе имал подобар боксер.

Дека храброста и самодовербата не се секогаш најдобри доблести, минатото лето тоа на своја кожа го почувствува Ентони Џошуа. Во ситуација кога остана без меч против Тајсон Фјури, тој избра замена. Накратко, го прифати Александр Усик како свој предизвикувач. Непоразениот Украинец веројатно беше најтешкиот противник што можеше да го добие во тој момент, но Џошуа реши сето тоа да го ризикува, да ги прокоцка мечевите против Фјури. И тоа не му се исплати, бидејќи поразот од Усик засега го остави без тие средби. На крајот, сепак, вели дека не му е жал, бидејќи ја следел својата спортска филозофија, а на мечот настапил токму онака како што сакал.

„Требаше да се борам со Фјури, а ако не можам да се борам со него, на крајот го сакав најдобриот можен противник. Усик дојде од пониска категорија, одличен боксер кој знае да боксира во 12 рунди. Од друга страна ,се уште имаше стигма околу мене, дека не знам да боксирам и дека сум само голем и надуван бодибилдер.Реков океј, ќе го тестирам боксот против него. Работите не одеа во мој правец. Тој освои девет рунди, јас три. Во следниот меч треба да добијам уште четири рунди и ќе победам. Дозволете ми прво да го направам тоа, а потоа ќе се вратам на патот да станам апсолутен шампион. Моето место е на големата сцена, моето место е меѓу шампионите и меѓу најдобрите боксери на генерацијата. Ќе видите зошто мислам така“, изјави Џошуа во интервјуто за Скај спорт.

Реваншот против Усик најверојатно ќе се одгржи во април, а Џошуа дефинитивно ќе мора подобро да се подготви за него. Денеска вели дека начинот на кој загубил дополнително го мотивирал, но и го принудил на некои промени. За разлика од првиот пораз во кариерата, кога веруваше дека точно знае каде е проблемот, што го докажа во реваншот против Руиз, овојпат е свесен дека неговиот досегашен бокс не треба да биде доволен за да ги врати појасите во негова сопственост.

„Да не се борев за најдоброто немаше да загубам. Луѓето имаат многу големи очекувања од мене па останаа шокирани. И јас имам големи очекувања, а кога првпат загубив имав причина. иако не сум некој што бара изговори. Ќе возвратам. Но, овој пораз е особено болен, бидејќи немаше проблеми. Само изгубив од подобро момче таа вечер. Тоа ми даде мотив да се преселам и да се издигнам од таа позиција“, го најави реваншот до неодамна светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, ВБО и ВБА, уверен дека од пролет ќе стане повторно тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО