Ентони Џошуа откри како сакал да го ангажира тренерот на Канело

Ентони Џошуа имаше најдобри резултати кога беше раководен од Роберт МекКрекен, но потоа загуби од Усик минатиот септември, па британскиот боксер го смени тренерот.

Ја прекина соработката со МекКрекен, а кариерата одлучи да ја продолжи кај тренерот Роберто Гарсија.

Џошуа на 20 август во Саудиска Арабија ќе се обиде да ги врати шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија против Украинецот.

Британецот неодамна откри дека по поразот од Александр побарал промена, а покрај Гарсија во комбинациите за нов тренер бил и Еди Рејносо, главниот тренер на Канело.

Но, Рејносо истакна дека мексиканската ѕвезда е негов прв приоритет.

„Сакам да имам тренер кој би можел да ми посвети поголем дел од своето време, а бидејќи не можев да бидам со Канело, се откажав од тоа. Ми треба тренер кој ќе има одвоено време за мене, а Рејносо се посвети на Канело“, изјави Ентони Џошуа.

Поранешниот шампион на подготовките за мечот против Усик влезе со нов тим, а ја објасни разликата во подготовките на сегашниот и поранешниот тренер.

„Покрај МекКрекен ќе удирам во фокусерот и вреќата, а потоа ќе кажува што да правам. И сега, покрај Анхел Фернандез и Роберто Гарсија, сите овие работи ги правиме посебно и многу подетално. Тие имаат различен метод на тренирање. Морам многу да запамтам и тоа ме изморува, но ништо нема да ме измори повеќе од 12 рунди. Знам дека морам да го поминам сето тоа“, рече Ентони Џошуа и подвлече:

„Јас сум како сунѓер. Од сите учам по нешто. Секогаш се подготвени за разговор или предлог, но тие одлучуваат за се. Се додека има позитивна атмосфера ќе тренирам. Имам голема почит кон Гарсија и тој беше високо на мојата листа на кандидати за тренер. Самодовербата може да се стекне само со спаринг и подготовка. Тренерот може да каже милион добри работи, но ако боксерот не ги направи, тогаш се е за џабе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON