Ентони Џошуа не воодушеви со својот настап синоќа. Имаше многу сомнежи за Ентони Џошуа по двата порази што ги забележа на средбите со Александар Усик (во 2021 и 2022 година), а Џошуа не изгледаше особено импресивно ниту на првиот меч што го одржа оваа календарска година.
Џошуа со неубедлив настап го совлада Џермејн Френклин, но веќе во осмиот месец даде нешто подобар настап против Роберт Хелениус.
Џошуа постепено ја градеше својата самодоверба, а синоќа го уништи Ото Валин на настанот Денот на пресметката во Саудиска Арабија.
„Не можам да го оценам мојот настап. Мојот тим и навивачите ќе го направат тоа, тоа им го оставам на нив.“, изјави Џошуа веднаш по натпреварот, а потоа одговори „Дали ова беше стариот Џошуа, дали го гледавме таканареченото враќање назад“.
„Не, ова не е враќање назад, ова е уште еден натпревар. Го почитувам Ото и пред овој меч им кажав на сите дека морам да се фокусирам исклучиво на него бидејќи ги почитувам неговите вештини. Ова беше само уште еден ден во канцеларија за мене“.
Како и секогаш на своите средби Џошуа не одеше со полн гас од првата секунда. Еј Џеј ги помина првите две рунди читајќи го Валин и разработувајќи план за подоцнежните рунди. Џошуа од рунда во рунда помалку го зголемуваше темпото, а на прашањето за неговиот пристап кон оваа борба, „Еј Џеј“ беше сосема јасен.
„Победа по секоја цена. Кога се молам, знам дека мислите ги насочувам исклучиво кон победата. Ова е вид на бизнис каде што победата ве издигнува на скалата, но еден пораз ве симнува до крај. Сакам да забележам победи што подолго“, изјави „Еј Џеј“.
До синоќешната пресметка со Џошуа, Ото Валин имаше 26 победи во 28 професионални настапи. Загуби само од Тајсон Фјури, но и на тој меч беше блиску до победа. На почетокот на мечот направи голема расекотина над окото на Фјури и мечот лесно можеше да биде прекинат поради исекотина. Сепак, тоа не се случи, а Валин загуби на поени.
Ентони Џошуа беше свесен за квалитетот на Валин и пред тоа. Тие боксираа двапати во аматерските денови, а Џошуа славеше и во двата настапи. Ништо не е сменето ниту во професионалната борба, но Џошуа имаше само пофални зборови и почит за шведскиот тешкаш.
„Да не речеме дека Ото се предаде меѓу рунди, бидејќи го сметам за вистински воин. Мислам дека неговиот агол одигра голема улога во предавањето на мечот, а тие го направија тоа за да го спасат до крајот на кариерата. Сигурен сум дека ќе продолжише. Едноставно се работи за видот, времето и реакциите. Се сметам за надарен борец, со посебен подарок што го користам најдобро што можам. Работам исклучително напорно и денеска имав свој ден, фала му на Бог”, убавите зборови на Ентони Џошуа упатени до синоќешниот противник.
Она што многумина ги интересираше е следниот чекор на Ентони Џошуа. Многу се зборуваше за мечот против Дионтеј Вајлдер, но „Бронзениот бомбардер“ синоќа убедливо го загуби мечот против Џозеф Паркер. Џошуа можеше да ја искористи приликата да го омаловажи Дионтеј Вајлдер, но не го стори тоа и му испрати зборови на поддршка.
„Не го гледав тој меч, се фокусирав на себе, како цела оваа недела. Ајде да изброиме колку боксери го спомнаа моето име оваа недела, а јас се фокусирав исклучиво на себе. Знам колку беше важна оваа борба. Слушнав дека Дионтеј загубил, но не е важно, тој ќе се врати. Во принцип, никој никого не избегнува. Веќе ви кажав со кого бев во рингот, но сега морав да се фокусирам на Валин. Дионтеј зборуваше секакви работи за мене и сега би можел да го распукам, но нема. Ќе бидам поголем од тоа и сакам тој да направи успешен камбек“, изјави „Еј Џеј“, а потоа беше запрашан дали се уште има шанси за меч меѓу него и Вајлдер.
„Слушај, се е можно ако не се откажеш. Продолжете да туркате, а ако сака може да се врати и да се бори уште еден ден. Сигурен сум дека сите сè уште сакаат да ја видат таа борба, нели? Или пак сакате да ме видите како се борам“, рече Џошуа со насмевка на лицето.
Синоќа Еди Херн ја дал својата изјава веднаш по Џошуа. Познатиот промотер изјави дека Џошуа ќе се сврти кон атак на титулата на ИБФ, што значи меч со Филип Хрговиќ. Џошуа исто така не крие дека светската титула е она што најмногу го интересира во овој спорт.
„Како што реков претходно, секоја борба води до крајната дестинација (светската титула). Морам да продолжам да се молам и да победувам, и морам да останам фокусиран. На пат сум, па ќе видиме до каде ќе стигнам.”, објасни големиот британски тешкаш.
Џошуа се надеваше дека ќе ја врати сопственоста на појасот подоцна оваа календарска година, но тоа остана недостапно. Џошуа секако може да биде задоволен од 2023 година, бидејќи одржа три натпревари и забележа три победи. Сепак, тврди дека секогаш може подобро.
„Имам поголеми амбиции од ова. Тоа е, како што е. Не славам кога победувам во вакви борби, ќе славам кога ќе ја победам борбата за светска титула“, рече Џошуа на крајот од своето обраќање, а потоа додаде дека „Денот на пресметка“ е најголемиот настан во историјата на боксот, им се заблагодари на организаторите и на публиката и славејќи го напушти рингот.
Одлична година за Ентони Џошуа, кој навистина се врати, а на тешката категорија и е потребен ваков „Еј Џеј“.