Британската боксерска ѕвезда Ентони Џошуа изјави дека наскоро ќе објави голема вест. 32-годишниот поранешен шампион во тешка категорија го очекува реванш за титулите со Александар Усик.
За негова несреќа, Усик ја брани својата татковина во војната со Русија и паузира со кариерата. Се очекуваа да имаат реванш следниот месец, но работите се одолговлекуваа и Еди Херн рече дека мај или јуни се опциите за реванш мечот.
Кон крајот на септември минатата година, Џошуа ја загуби титулата од Усик во центарот на Лондон. Овој пораз ја прекина серијата од две последователни победи на Џошуа, кој загуби по втор пат во кариерата.
Ентони има скор од 24-2 во боксот и на 22 меча победи со нокаут. Нејасно е каква ќе биде веста, но речиси сигурно ќе биде поврзана со неговото враќање во рингот.