Ентони Џошуа: Мило ми е што Фјури не стана апсолутен шампион на светот

Тајсон Фјури во средината на мај во мечот против Aлександaр Усик имаше можност да ги обедини шампионските појаси во тешка категорија, но не ја исполни својата цел.

На настанот во Ријад, непоразениот украински боксер со поделена одлука го победи Џипси Кинг и стана апсолутен шампион во тешка категорија.

Усик го додаде ВБЦ појасот на Фјури на неговите титули на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, кои ги освои против Ентони Џошуа во 2021 година.

Поранешниот двократен светски шампион Еј Џеј Џошуа неодамна изјави дека му е драго што Фјури не станал неприкосновен шампион и го нарече идиот.

„Драго ми е што Фјури не е апсолутен шампион. Но тој е идиот. Да беше некој друг, можеби ќе помислам дека е штета што за возврат, сите четири појаси нема да бидат во игра. Фјури е многу груб. Ги омаловажува другите луѓе за да се чувствува подобро“, рече Ентони Џошуа и додаде:

„Покажа големо непочитување кон Усик. Го нарече зајак и боксер во средна категорија, а тоа не е добро за спортот. Ако јас те почитувам тебе и ти мене, можеме да го воздигнеме овој спорт и да ги натераме луѓето да мислат дека сме најелитните борци во светот. Но, Фјури сака да те згази и да направи да изгледаш како тип кој штотуку излегол од пабот. А потоа оди во рингот и добива ќотек. Тој тоа го заслужи“.

Ентони Џошуа има шанса повторно да стане шампион, бидејќи на 21 септември на Вембли ќе боксира против шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа.

Победникот од тој меч следната година би можел да се бори за апсолутен светски шампион, односно подобриот од дуелот Усик – Фјури што ќе се одржи на 21 декември во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON