Ентони Џошуа ги финализира преговорите за борба во септември. Кој ќе биде неговиот следен противник?

Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џоша наскоро би требало да го дознае противникот за настанот што ќе се одржи на 21 септември на Вембли.

Британскиот тешкаш откри дека преговорите се при крај, па наскоро би можеле да дознаат кој ќе биде неговиот следен противник.

Освојувачот на златен олимписки медал во 2012 година на социјалните мрежи напиша:

„Речиси завршив со преговорите за мојата следна борба! Се чувствувам мотивирано“.

Веројатниот противник на Еј Џеј би требало да биде Даниел Дубоа, кој неодамна со прекин во осмата рунда го победи најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ и го освои привремениот шампионски појас на ИБФ.

Можеби до септември ИБФ би можела да му го одземе појасот на апсолутниот шампион Aлександар Усик, па влогот во мечот меѓу Џошуа и Дубоа би можел да биде светската титула.

Усик неодамна го совлада Фјури во мечот за апсолутeн шампион во тешка категорија, а потоа двајцата се договорија за реванш за 21 декември.

Некогаш како потенцијален противник на Џошуа се споменуваше Дионтеј Вајлдер, но тој загуби со нокаут во петтата рунда против Жилеј Жанг на почетокот на месецот.

А покрај Даниел Дубоа, меѓу кандидатите за следен противкандидат на Џошуа се и Жилеј Жанг и Џозеф Паркер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON