Ентони Џошуа: Ако Нгану го прати во нокдаун, тогаш знаете што би му направил на Фјури

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа во сабота по трет пат годинава ќе влезе во рингот. По победите против Џермејн Френклин и Роберт Хелениус, Британецот ќе се бори со Швеѓанецот Ото Валин на боксерски настан во Саудиска Арабија.

Џошуа ги загуби појасите за светскиот шампион во мечот со Александар Усик, а во реваншот не успеа ниту да ги врати. По тешкиот период во кариерата се врати со две победи и сега сака повторно да стигне до тронот.

„Сакам повторно да бидам светски првак“, изјави Ентони Џошуа, кој сигурно би можел да добие примамливи понуди следната година со победа против Валин.

Меѓу нив секако е можна борба за титулата шампион на ИБФ (ако Фјури и Усик се договорат за реванш по мечот за апсолутен шампион на 17 февруари, ИБФ објави дека појасот ќе му го одземе на победникот), но и долго најавуваната борба против Дионтеј Вајлдер.

Но, Џошуа се уште размислува за борбата против Тајсон Фјури, што го потврди во едно неодамнешно интервју.

„Ако Нгану го парти во нокдаун, тогаш знаете што би му направил на Фјури. Го сакам тој меч. Се надевам дека еден ден ќе ја договориме таа борба. Време е конечно да се борам со Фјури и да победам“, изјави Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON