Поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа е подготвен да си го врати појасот. Тој ќе се сретне со шампионот Енди Руиз на 7 декември во Саудиска Арабија. Во јуни, Руиз го 4 пати го прати во нокадаун и го победи со технички нокаут во 7-тата рунда. Но, сега поранешниот шампион е гладен и сака да си го врати појасот.
Веќе се соочија на првата прес-конференција пред борбата што се одржа пред неколку часа во Саудиска Арабија. Битката е исклучително важна за Џошуа, кој верува во својата победа и тврди дека ќе го разобличи Руиз:
„Знам некои работи што ги поседува и ги знам неговите слабости. Треба да го разобличам малку повеќе. Знам за што сум способен и знам што може да направи Руиз. Требаше да одам помудро во првата битка, откако го соборив.
Сега повторно се сретнав со него „очи в очи“ и потсвесно часовникот удираи почнувам сè повеќе да размислувам за борбата. Знам кој е влогот во средбата и ќе го разобличам“.