Ентони џошуа се подготвува во џунгла

Entoni Dzosua vo dzungla

Во тајландската џунгла се подготвува светскиот шампион во тешката категорија на ИБФ, Ентони Џошуа.

Британецот закачи фотогрфаии од местото каде што е на одмор и напиша коментар „Добредојдовте во џунглата”. 26-годишниот спортист е без боксерските реквизити за вежбање што ги користат локални боксери и борци од традиционалните боречки спортови во Тајланд за спаринг.

Џошуа треба да ја брани титулата во ноември. Меѓу претендентите за појасот се Кубрат Пулев, Бирмејн Стиворн и задолжителниот предизвикувач Џозеф Паркер, кој има меч на 1 октомври и бара одложување на средбата.

https://youtu.be/FWbEXoPw-5A

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON