Ентони Џошуа: Пушев, пиев и лумпував секој ден

Британецот Ентони Џошуа (21-0, 20 КО) е едно од најголемите имиња во британскиот спорт во моментов – но животот не секогаш бил лесен за шампионот во бокс.

28-годишниот Џошуа стана светски шампион на ВБА,ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија откако го победи Џозеф Паркер пред 80 000 фанови на „Принсипалити Емирати“ во Кардиф.

https://www.instagram.com/p/BhpWrRYjGZA/?utm_source=ig_embed

Но, неговиот пат кон успехот не беше лесен.

https://www.instagram.com/p/Bh1xm7bjoxy/?utm_source=ig_embed

Џошуа им објасни на фановите дека бил многу близу до уништување на својот живот по запознавањето на погрешни луѓе и незгодите со полицијата:

„Никогаш не сакав да бидам Мајк Тајсон или Мухамед Али, само за да го поправам мојот живот. Кога бев помлад, пушев и пиев секој ден. Сакавме да одиме и да пиеме пиво – знаеш кога одиш во клуб, гледаш да се напиешпред да влезеш. Меѓутоа, во еден момент се отрезнив – ги научив придобивките од здравиот начин на живот и почнав да правам мускули. Така умот почна да ми работи потрезвено. Сфатив дека наместо да се борам по улиците и полицијата да ме апси – може боксирам и луѓето да ми платат. Мислев дека тоа е лудост. Почнав да сфаќам дека морам да сменам нешто – или би можел да бидам лош дечко од соседството или добар боксер. Животот е едноставен, само треба да разберете што е најдобро за вас, а што не“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON