Ентони Џошуа прв пат ја одбрани титулата светски првак на поени (ВИДЕО)

За прв пат Ентони Џошуа боксираше 12 рунди и ја одбрани титулата светски првак на поени против Џозеф Паркер и сега е сопстевник на четири појаси ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО.

Со 11 рунда Џошуа водеше 108-102 и во 12 влезе самоуверено и ја заблежа 21 победа и сега е со скор 21-0 од кои 20 борби се со нокаут. Паркер го забележа првиот пораз во 25 борба. Судиите гласаа 118-110, 118-110 и 111-109 за Џошуа.

На стадионот Принсипалити во Кардиф, Велс, ги селедеа над 78.000 гледачи.

Во шестата рунда борбата се разбуди од девизата „да небидам удрен“ која до тој момент не понуди нешто позначајно. Паркер нападна жестоко а Џошуа се најде во незгодна ситуација. Во претходните рунди бодовната предноста ја имаше  Џошуа.

Кон крајот на 8-та Британецот зададе два тешки удари кои можеа да бида фатални за Џозеф. Ентони во 10-тата беше поконкретен и напаѓаше, а левата аркада на Џозеф беше напукната.

https://youtu.be/WCnSwIV0thE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON