Ентони Џошуа: Нема да си играм, ќе го нокаутирам Милер

Шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа, нема да си игра, бидејќи на 1 јуни во Њујорк ги заложува ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО титулите против Џарел Милер. Ова ќе биде деби на шампионот во САД, и како што најави, ќе оди на нокаут во оваа борба.

„Треба да се ослободам од Милер. Знаетедека се забавував на средбата со Паркер, бидејќи луѓето ми кажаа дека не можам да го победам и решив да ги побијам. Во оваа битка, сакам да и докажам на луѓето дека можам да боксирам со него и да ги направам сите рунди. Сепак, сега е време да се вратам на нокаутите и планирам Џарел Милер да стане број 23 во мојата статистика.

Џошуа е уверен дека ќе се справи со Големото бебе, но не е единствен во тоа. Исто така и Милер предвидува нокаут и го ветува до седмата рунда

„Нема да дојдеме до решение. Знам дека ќе го нокаутирам. Ќе го нокаутирам. Ви велам, сè уште не сте го виделе најдоброто од „Големото бебе“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON