Поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа за неколку часови во пустината на Саудиска Арабија ќе бара победа во реваншот против Енди Руиз, кој го победи пред неколку месеци и го симна од престолот. Многумина веруваат дека Руиз имал среќа во првата средба и сега е дојден моментот на вистината.
Џошуа направи многу промени за втората борба и на мерењето беше 21 килограм полесен од неговиот противник. Руиз, пак, се фалеше за губење на тежината, но се покажа дека всушност ја подигнал и е потежок отколку што беше во нивната прва средба. Тензијата е на Британецот, кој мора да победи, во спротивно неговата кариера веројатно ќе заврши.
Руиз ќе биде уверен, затоа што веќе успеа неколку пати да го испрати противникот во нокаунд и сега ќе даде се од себе за зачувување на татитулата. Џошуа изјави дека не се плаши од противникот и верува во својата победа.
„Не го изгубив срцето по првиот пораз што од Руиз. Не изгубив од жарот што тлееше во мене. Почнав да тренирам и да се подготвувам за денот. Немам страв во срцето, очите и умот. Ќе победам на оваа средба. Кој е со мене?“, изјави Џошуа.