Ентони Џошуа: Може да се испробам во ММА, но прво…

Светскиот шампион на ИБФ, ИБО и ВБА Антони Џошуа (20-0, 20 КО) е подготвен да се испроба во ММА, но под еден услов. А тоа е, да постигне се што си поставил како цел во боксот.

https://www.facebook.com/boxingnewsonline/posts/10156620756729271

Џошуа е понуден како ривал на MMA на Џон Џонс и на Френсис Нгану. Во меѓувреме, шефот на УФЦ, Дана Вајт, ќе биде на трибините во Кардиф на 31 март за да го следи дуелот на Бртанецот со ВБО шампионот Џозеф Паркер (24-0, 18К). Од најголемата ММА организација сакаат да потпишат договор за рекламирање со Џошуа, кој ќе вклучи и борба во кафезот.

„Претпоставувам дека ја завршив мојата кариера и постигнав сè што сонувам во боксот, па можам да го направам она што го направи Флојд Мејведер“, рече Џошуа.

Американската легенда забележа 50 победи во рингот и се пензионира без пораз, а во последниот меч се бореше со борецот на ММА, Конор Мек Грегор. Сега планираат реванш според правилата на мешаните боречки вештини.

https://www.facebook.com/boxingnewsonline/posts/10156620743019271

„На прашањето дали ќе влезам во кафезот, би рекол: Да, можно е, веќе тоа е правено и успеа. Но, прво морам да ја постигнам мојата цел во боксот, да доминирам во мојот спорт, а потоа да се фокусирам на други спортови“, додаде Џошуа.

https://www.instagram.com/p/Bg0bNAIF7vZ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_profile_upsell_logged_in_test

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON