Ентони Џошуа: Ми остануваат уште 15 борби во боксот

Ентони Џошуа успеа да ја врати титулата во тешка категорија во почетокот на овој месец, откако му се реваншира на Енди Руиз во Саудиска Арабија. Џошуа промени многу работи за да победи и да се врати на тронот во тешката категорија. Британцот симна многу килограми и сметаше на брзината во втората средба со Мексиканецот. Шампионот ги демантираше критичарите кои веруваа дека Руиз повторно ќе го победи и ќе го пензионира.

Сега Ентони е на крстопат затоа што тие го обврзаа да ги брани титулите во ВБО и ИБФ и веројатно ќе треба да се ослободи од еднав. Сè уште не е јасно кој противник ќе го избере Ентони за неговата следна борба, но засега се наметнува Кубрат Пулев. Џошуа вели дека во кариерата има уште 15 борби и не е загрижен што ќе му одземат еден појас, затоа што знае дека ќе го врати:

„Ми остануваат 14 или 15 борби во боксот. Тоа ќе ме одведе на 35 или 40 борби во мојата кариера. Не сакам да изгубам една од моите титули, затоа што не е лесно да се соберат. Тешко се освојуваат, а потоа да ги браниш со години.

Ќе биде тешко за да се ослободан од еден од нив заради политиките во боксот. Сепак, тоа се работи кои се вон мојата контрола. Ако се случи да загубам еден, знам дека полсе ќе го вратам“.

https://www.instagram.com/p/B6QHNB9F2Gl/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО