Ентони Џошуа секако ќе боксира на 13 април, датум за кој веќе одамна е резервиран Вембли. Само што се уште не е познат противникот, но вели дека повеќе не е негова работа, туку е одлука на Дионтеј Вајлдер.
Џошуа и претходно рече дека главна амбиција му е Вајлдер во однос на следниот противник, и покрај тоа што Дилеин Вајт со победата над Дерек Чисора направи се што е потребно да се стави себе си на прво место како предизвикувач и да си обезбеди прилика да му се реваншира на Џошуа, единствениот боксер кој го совладал досега. Сепак, Вајт во рингот веднаш рече дека е подготвен да се бори против него, но само ако Дионтеј Вајлдер не одлучи да „заигра“ во рингот на Вембли.
Интересно е да се види какви информации има сега Ентони за статусот на Тајсон Фјури, откако Вајлдер рече дека е единствениот противник за кого размислува, односно дека реваншот против „Кралот на Циганите“ треба да биде неговата следна борба.
„Дојдов до интересни информации, знаете кои? Го слушнав тренерот на Фјури како вели дека нему му треба одмор, бидејќи само што се вратил. Сега Дионтеј Вајлдер е во неизвесна ситуација, бидејќи се обиде да ме избегне. Ќе видиме што ќе каже од оваа позиција“, изјави Џошуа за британските медиуми.
Се чини дека тој во мечот Вајлдер и Фјури видел доволно од она што му го дава до знаење дека има се што му треба да го освои и четвртиот елитен појас во тешка категорија, односно оној што му недостасува. Ако не биде Вајлдер, Џошуа уште еднаш потврди дека иден противник е Вајт, иако за своето место се обидува да се избори и Џарел Милер.
„Мислам дека Дилиен Вајт секако има предност во однос на Џарел Милер, се борел против поискусни и подобри противници. Моја должност е да му дадам шанса на боксерот кој трапеливо напредуваше на ранг листата. Доколку не боксирам со Вајлдер или дури и Фјури, мислам дека Дилиеан би требало да биде тој“.