Ентони Џонсон и Даниел Кормиер ќе одлучат кој ќе биде новиот шампион во тешка категорија на УФЦ откако му беше одземена сопственоста на Џон Џонс.
Противник Џонс во новата одбрана на титулата треба на УФЦ 187 да биде Ентони Џонсон. Сепак, по избивањето на големиот скандал го одалечи од окатагонот на УФЦ. Кога ќе се врати тој, тешко е да се претпостави, а прашање е воопшто ќе сака да се врати. Ентони Џонсон претходно изјави дека е разочаран од таквиот развој на настаните, а во пресрет на натпреварот против Кормиер рече дека сега го доби потешкиот ривал.
„Даниел има сила, брзина и добра техника. Борењето му е на највисоко ниво и никој не може да го негираат тоа. За мене, тој ќе биде потежок противник отколку Џонс. Можеби а е понизок од мене, но тој има голема моќ“, изјави Ентони Џонсон.
Џонсон, исто така, истакна дека Кормиер е во психолошки предност со оглед на тоа дека веќе имаше можност да се бори за титулата.
„Уште повеќе ќе ја сака победата отколку првиот пат. Ова му е втора шанса и знам дека ќе биде поподготвен. Таков и го очекувам. Во мојата душата сум борач,како и Даниел. Знам како е тоа на ова ниво и ако укаже можност треба да се зграби“.