Шампионот на Глори, Рико Верховен, на телевизиска емисија пред две недели изјави дека е подготвен да се бори со Бадр Хари.
Мароканецот на социјалните мрежи објави: Предизвикот е прифатен!
Предизвикот на Верховен повеќе беше поттикнат од прашањето на водителот, наместо тој самиот да го започне, а најголемото прашање беше во која организација би можеле оваа борба да се одржи.
Се јавил промоторот на Енфужн, Едвин ван Ос во емисијата „Пепток“ и понудил 500.000 евра за организацијата на мечот.