Една од најинтересните боксерски пресметки што ќе ги гледаме во тешка категорија во 2022 година ќе се случи налето.
Станува збор за меч меѓу поранешниот предизвикувач за титулата во ВБЦ, Луис Ортиз и поранешниот светски шампион Енди Руиз.
32-годишниот Мексиканец ќе влезе во рингот со 43-годишниот Кубанец на 13 август, а средбата ќе се одржи во Лос Анџелес. Информацијата ја потврди лично таткото на Руиз, а веста ја пренесоа голем број американски медиуми.
Претходно во април се дозна дека Руиз потпишал договор со Тајрон Спонг, но холандскиот кикбоксер ќе мора да почека, бидејќи пред него е потпишан договорот со Ортиз.
Руиз Јуниор не се борел од мај 2021 година, кога со едногласна одлука го победи Крис Ареола.
Ортиз не влегол во рингот од јануари 2022 година, кога го нокаутира Чарлс Мартин.