Еди Херн напорно работи на организирање на вториот меч меѓу поранешниот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа и актуелниот, Енди Руиз.
Да потсетиме дека овој месец Мексиканецот направи изненадување и го совлада со нокаут во 7-мата рунда. Многу луѓе го предупредуваа дека Џошуа нема веднаш да се реваншира, но тој го прави тоа и ќе има борба. Двете страни размислуваат за неколку битни датуми и локации, како Медисон сквер гарден или Кардиф.
„Многу луѓе велат дека ЕЏ не треба веднаш да се реваншира. Тие мислат дека прво треба да направат загревање за средбата. Се согласувам со нив, но одлуката на Џошуа е огромен ризик. Избираме помеѓу Медисон сквер гарден и Кардиф. Тој ќе стане голема ѕвезда во САД, ако го победи Руиз во Медисон сквер гарден.
Датумите на битката се 29 ноември или 7 декември во САД или 14 декември во Кардиф. Во моментов застанавме на овие три датуми. Сега мислам дека тој пораз на Џошуа е пет пати поизвесен од порано. Тој знае што да поправи и мислам дека ќе видите поинаков борец во втората битка. Не велам дека ќе го победи, но ќе биде поинаку. Во следните неколку дена ќе избереме датум“, рече Херн.