Коментаторот на УФЦ, Џо Роган, изјави дека постои голема можност дека и Федор Емилајненко користел стероиди. „Последниот император“ во моментов престојува во САД, каде што го промовира настанот Белатор 134, енергично одговори на изјвата на Роган.
Роган ја спореди големината на телото на Федор, велејќи дека тој веројатно е на стероиди, бидејќи во 2003 година за време на натпреварот со „Фуџита прајд“ 26 изгледал поголем од 2011 година, кога тој се бореше во Страјкфорс против Бигфут Силва.
„Роган сака да направи таков „ПР скандал“, рече Емилијаненко за MMAmania.com.
„Како и секогаш, јас сум подготвен да се тестирам. Јас отсекогаш сум бил и секогаш ќе биде чист. Сите мислат дека нема допинг, бидејќи борците биле негативни за стероиди. Се разбира, дека таа мисла ми помина низ главата. Претпоставки се направени, тоа и ми даде сила да се борам со ликовите коишто користеле нешто додека јас во рингот ја користев сета напорна работа и обука за да станам подобар борец и поради тоа, со Божја помош, бев во можност да ги победам моите противници без разлика на тоа дали користеле нешто“.
Стероидите се главна тема во ММА светот, откако поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија, Андерсон Силва, падна на ненајавениот допинг тест поради користењето на два стероида. Често пати Силва беше довдедуван во врска со користењето на стероиди, како и пензионираниот Федор, кој е најдобар ММА борец на сите времиња. Емилијаненко за тој пад на Андерсон го нарече „капка“.
“Тоа е многу вознемирувачки да знаат дека спортист од неговиот калибар посегна по стероидите, за да ја подобри својата изведба. Тоа е шлаканица за овој спорт и спортистите. Мислам дека спортистите треба да зависат само од нивните способности, напорната работа и искуството, а не да се прибегнува кон лекови кои ќе го скратат патот до успехот. Најважно е дека спортистот останува верен на себе и на своите навивачи, поради кои е тоа што е“.
Последниот цар, се повлече во почетокот на 2012 година и не планира да се врати во ММА, и покрај тврдоглавото најстојчиво инсистирање на неговиот пријател и претседател на Белатор, Скот Кокер.