Емилијаненко ќе боксира со голи раце со шампион

Азамат Бостанов, менаџер на Александар Емилијаненко, објави дека неговиот борец ќе боксува со голи раце во следната борба.

39-годишниот ветеран ќе се бори под знамето на Хардкор фајтинг, а противник ќе му биде Тимур Слаштинин, кој е шампион во тешка категорија и има 4 победи во борбите со голи раце. Бостанов на руските медиуми им го откри следново за иднината на Емелијаненко:

„Александар Емилијаненко моментално е во романтично расположение. Алкохолизмот секако се меша во нашата работа. Ова е непријатно. Но, ова е алкохолизам.

Александар ќе се бори во Хардкор фајтинг. Ривал е Тимур Слаштинин, кој е шампион во тешка категорија и европски шампион во бокс за младинци.

Не можам да ја кажам цената, но Емилијаненко дефинитивно ќе се врати во класичната ММА“.

Во неговата последна битка Емилијаненко беше сериозно поразен од Магомед Исмаилов.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО