Емелијаненко и Монсон ќе се борат со голи раце

Александар Емелијаненко и Џеф Монсон ќе се борат со голи раце. Ова најверојатно ќе се случи на 10 декември во Русија. Борбата е објавена на прес-конференција на организацијата Хардкор фајтинг. Александар и Монсон застанаа лице в лице пред средбата.

Претходно видовме битка меѓу Емилијаненко и Монсон во 2012 година во Русија според правилата на ММА. Тогаш Џеф победи со завршница во втората рунда пред очите на Федор, кој гледаше близу до рингот.

Емелијаненко доаѓа по боксерската победа над Арем Тарасов. Александар има скор 28-8-1 во ММА, а на 25 меча победил со завршница, додека 5 меча бил завршенј. Има 20 победи со нокаут.

Монсон, пак, има скор 61-26-1 во ММА, а последен пат го совлада Кардо со принуда пред 5 години. Џеф заврши 41 од неговите средби, од кои 36 беа со прунуда. Во кариерата загуби 10 пати со нокаут, а има само 5 победи со нокаут.

На почетокот на оваа година Монсон се повлече од спортот поради повеќе повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON