Емил Пвалов ја предводи македонската десеторка на Премиер лигата во Мадрид

Mакедонските каратисти отпатуваа за Мадрид каде што од 29 ноември до 1 декември се одржува Карате 1 Премиер лигата во карате, а на која ќе настапат 10-мина наши натпреварувачи, според пријавите.

На Премиер лигата, каде што настапуваат 64-те најдобри каратисти во секоја категорија, за Македонија ќе настапат: Емил Павлов, Берат Јакупи, Петар Заборски, Петар Спасеновски, Виктор Крстевски, Ферри Исиќ, Ангела Мојсовска, Пуликсенија Јованоска, Драгана Манговска и Симона Заборска.

Во последното коло на Премиер лигата што се одржа во октомври во Москва Емил Пвалов го освои златниот медал, совладувајќи го Турчинот Ерај со 3-1 во финалето. По пова емил скокна на 25 позиција на ранг листата на ВКФ за Олимписките игри во Токио 2020 година во категоријата до 67 килограми, која е официјлана олимписка категорија. Со нов успех Павлов ќе си обезбеди поволна позиција за завршниот турнир во Париз идната година на кој ќе се пополнуваат местата за Олимпијадата.

Од друга страна, и Берат Јакупи со континуирани успеси може да се надева на завршницата за ОИ, бидејќи сега е на 34 мето.  

Натпреварите почнуваат во петок, а за медал ќе се борат 772 каратисти од 421 клуб во светот, односно од 89 држави.

Според актуелната ранг-листа за ноември во категоријата до 67 кг, тој е 25-ти со 2.092,5 бода, односно 1.020,5 повеќе во однос на августовската листа, со што напредуваше за 22 места (претходно беше на 47-то место).
Успехот најмногу се должи на освоеното првото место на турнирот во Премиер-лигата одржан во Москва минатиот месец. Се разбира, Павлов сѐ уште е далеку од првопласираниот, Казахстанецот Асадилов, кој има 7.042,5 бода, но затоа, пак, пред него се 7-8 натпреварувачи со од 100 до 400 бода повеќе (десеттиот има 3.142,5 бода), па со следните успешни настапи на татамите (турнири во Премиер-лигата, Серија А, а во 2020 година и уште едно ЕП, а тука е и квалификацискиот турнир во Париз), тие можат да бидат надминати.

На ЛОИ 2020 ќе настапат по десет каратисти во секоја од трите категории во борби и по една во кати во обете конкуренции. Во Премиер-лигата, пак, Павлов моментно е осми со 1.440 бода, вкупно на светската листа е 10-ти со 9.426 бода, а води Бразилецот Даглас Бросе со 18.881 бод.

Од другите каратисти, Берат Јакупи (категорија над 75 кг), освои нови 120 бода и има 1.575, на листата е 34-ти (првопласираниот Угур Акташ од Турција има 7.417 бода), а Азис Исмаил (до 75 кг), остана на 607,5 бода и е 46-ти (прв е Бахман Асгари од Иран има 6.187,5 бода). Во женска конкуренција најдобропласираната Македонка на листата Наташа Стефановска (до 61 кг) е на 54-то место со 622,5 бода, каташката Пуликсенија Јованоска со нови 60 бода на листата е на 39-то место со 667,5 бода (води Сандра Санчес од Шпанија со импозантни 8.842 бода).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON