Додека траеја натегањата кој треба да ги плати трошоците на каратистите за Европското сениорско првенство во Гвадалахара, Шпанија, од 22 до 26 март, најодбриот македонски каратист Емил Павлов ништо не пропушта на случајност, туку отиде да се подготвува во Аранѓеловац, Србија.
Дел од атмосферата од подготовките на најтрофејниот македонски може да видиме преку видеото што го објави на Фејсбук.
Да потсетиме дека Крате федерацијата прво донесе одлука репрезентативците сами да си го плаќаат патот и престојот, а потоа, кога ќе добијата пари од Агенцијата за млади и спорт, да им ги рефундираат. По големиот одек на ваквата одлука во медиумите и јавноста, КФМ се премисли и соопшти дека на тројца спортисти целосно ќе ги покрие трошоците за ЕП. Секако дека Емил Павлов, Петар Спасеновски и Вероника Костовска го заслужуваат тоа. Сепак, останатите 15-мина ќе требад да си ги платат патот и трошоците.