Емил Павлов од КК Штип се пласира во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија, каде што ќе се сретне со Србинот Марко Антиќ. Наташа Стефановска (-61 кг) стигна до полуфиналето.
Павлов до финалето беше подобар од Лоренцо Парадизо (Сан Марино) 1-0, Олех Филипович (Украина) 6-0, Јаник Фаес (Швајцарија) 4-0, Анџело Крешенцо (Италија) 1-0.
Во оваа категорија Шабан Муртиши (Дрини) загуби од Оргес Арифи (Косово) 0-2
Наташа Стефановска од Макпетрол во полуфиналето е поразена од Александра Гранде од Перу со 0-5, а шансата за бронза ќе ја бара во репасажот.
Стефановска славеше против Вивиен Ѓеривањи (Унгарија) 0-0 (со судиско прегласување), Хана Фурумото-Деше (Канада) 0-0 (судиско прегласување), Ана Ленард (Хрватска) 1-0, Стефановска – Гранде 0-5.
Вчера репрезентативниот женскиот ката-тим на КК Ронин од Прилеп, во состав Маријана и Мишела Димоски и Пуликсенија Јовановска во полуфиналето загуби со 2-3 од репрезентацијата на Словачка и во репасажот со Канада ќе се борат за бронзениот медал.
Еве ги резултатите на оние каратисти што настапија до сега:
Сара Радичевска (50 кг, Макпетрол) – Рочо Санчез (Шпанија) 2-1,
Радичевска – Бетина Планк (Австрија) 2-3;
Анамарија Несторовска (61 кг, Макпетрол) – Тина Мариќ (Хрватска) 0-6;
Моника Стефановска (68 кг, Макпетрол) – Камила Варда (Полска) 0-2;
Ико Ташов (67 кг, Металург) – Стефан Јоксиќ (Србија) 0-0 (победа со изјаснување на Србинот);
Ненад Келебиќ (67 кг, Цветан Димов) – Микеле Џулијани (Италија) 0-0, Стефан Покорни (Австрија) 3-2 и пораз од Менсур Џозиќ (БиХ) 0-5.
Адил Мехмед (67 кг, Металург) го победи Доминик Микула (Чешка) 2-0, а со идентичен резултат загуби од Кристијано Алатамура (Италија).
Ipon.mk/В.Д.