Откако Емил Павлов обезбеди финале во категоријата до 60 килограми на вториот турнир годинава од Карате 1 Премиер лига во Дубаи, останатите каратисти кои настапија денес не се прославија многу. Само Ненад Келебиќ помина две кола, останатите беа најмногу со една победа.
Турнирот настапува 629 (638) натпреварувачи од 219 клуба од 74 земји.
Се надеваме дека Павлов во недела во финалето ќе докаже зошто бил европски шампион, а утре преостанатите каратисти да притиснат малку повеќе и да дојдат до подобри резултати од вообичаеното, една до две победи, максимум три.
На Премиер лигата се собрираат поени за Олимписките игри во Токио 2020 година кога каратето ќе дебитира на најголемиот светски собир на спортистите.
Резултати
Кати – 60 натпреварувачи
Пуликсенија Јованоска – Аракаи Франческа Фабрегас (Шпанија) 2-3
-50 кг – 46
Сара Радичевска – Умај Угур (Турција) 2-1
Сара Радичевска – Чанјанут Чипенсек (Тајланд) 0-0
-55 кг – 53
Симона Заборска – Мелинда Микел (Швајцарија) 0-2
Јована Георгиева – Маја Шерер (Швајцарија) 1-1
Јована Георгиева – Шиори Накамура (Јапонија) 1-1
60 кг – 48
Емил Павлов – Јуејонг Гу (Ј.Кореја) 3-1
Емил Павлов – Степен Ефименко (Русија) 3-2
Емил Павлов – Олег Филипович (Украина) 6-0
Емил Павлов – Калвис Калин (Литванија) 5-3
Финале
Емил Павлов – Ереј Самдан (Турција)
67 кг – 64
Ненад Келебиќ – Алекасандар Гутник (Русија) 2-1
Ненад Келебиќ – Раул Мора Курева (Шпанија) 3-2
Ненад Келебиќ – Венециус Фегуира (Бразил) 0-4
-75 кг – 61
Ферат Корбулиќи – Иван Мартинац (Хрватска) победа на Хрватот
Енес Смаилагиќ – Иса Разболов (Казахстан) 3-0
Енес Смаилагиќ – Чун Веи Хсу (Тајван) 0-3
Петар Заборски – Александар Шчербан (Русија) 0-3
Ipon.mk