Европскиот првак во карате во борби Емил Павлов (-60 кг) е спортист на годината, а ракометарката Сара Ристовска е најдобра спортистка во 2018 година во Македонија во избор на Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Изборот помина во знак на каратистите и ракометарите.
Најуспешениот спортист на годината се заблагодари на сите кои му помогнале да стигне до големиот успех.
„Чест и задоволство ми е да бидам најдобар по три номинации. Оваа година беше една од најуспешните. По втор пат станав европски шампион. Каратето е индивидуален спорт, но заслугата е на екипата, на моите тренери и селектори. Благодарам и до МОК. Благодарност и до карате федрацијата за поддршката. Наградата е мотив за мене да ја претставам Македонија на Олимписките игри во 2020 година во Токио и да го направам најголемиот успех – да освојам медал на Олимпијадата“, рече Павлов.
Фаик Весели е најдобариот млад спортист, откако успеа да освои сребрен медал на Европското првенство за јуниор и бронза на Младинските олимписки игри.
„Ветувам дека Македонија во 2024 година ќе има уште еден медал од Олимписки игри и тоа во сениорска конкуренција“, нагласи Весели.
Исто така и најуспешната млада спортистка Анамарија Георгиевска верува дека по бронзата на Светското јуниорско првенство ќе има уште многу медали.
Кире Лазаро е најдобар спортист во странство, кој настапува во редовите на француски Нант, со кој загуби во финалето на Лигата на шампиони за минатата сезона од Монпелје со 26-32.
„Имавме одлична сезона и јас и клубот. Но, секогаш може подобро, па позитивно размислувам за Светското првенство“, вели Лазаров.
Сите добитници на наградите за Спортисти на годината 2018:
Спортист на годината: Емил Павлов (карате)
Спортистка на годината: Сара Ристовска (ракомет)
Спортист на годината кој настапува во странство: Кирил Лазаров (ракомет)
Најуспешна федерација: Карате федерација на Македонија
Најуспешен тренер: Сашко Арсовски (карате)
Најуспешна машка репрезентација: Ракометна репрезентација на Македонија
Најуспешна женска репрезентација: Ракометна репрезентација на Македонија
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
Најдобар млад спортист: Фахик Весели (карате)
Најдобра млада спортистка: Анамарија Георгиевска (таеквондо)
Најуспешен клуб Универзитети: Мал фудбал УКИМ
Најуспешен клуб средни училишта: „8 Септември“ – Тетово
Најуспешен клуб основни училишта: „Теферич“ – Чаир
Ipon.mk