Емил Павлов по петти пат е Спортист на годината на Штип за 2019 година, со што стана убеливо најуспешниот спортист на Општина Штип во оваа деценија.
Второто место му припадна на Владимир Егоров, а третото место го делат Славче Арсов и Жарко Арсовски.
За најдобар клуб е прогласен КК Штип, а Сашко Арсовски за најдобар тренер.
Награди во пионерска конкуренција – прво место за Тамара Ристова, Карате клуб „Астибо”, второ место – Јован Данилов, кик бокс клуб „Гладијатор” и трето место за Драган Ефтимовска, Карате клуб – Штип.
Во категорија кадети првото место е за Стефан Штерјов, борење „Балканец”, второ место Љупче Михаилов, Карате клуб – Штип, третото место го делат Фадил Назифов, борење „Балканец” и Никола Нацев кик бокс „Гладијатор”. Во категорија младинци првото место е за Давид Мишев, борење „Балканец”, второ место Марјан Попадинов, кик бокс и третото место го делат Григор Хаџи Кимов карате и Христјан Јованов.