Емил Павлов по 6.пат најдобар спортсит на Штип, Сашко Арсовски најдобар тренер

Каратистот Емил Павлов е избран за спортист на Општина Штип за 2021 година по шести пат.

Павлов ова признание го заслужи со освојувањето на златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија.

Каратистите го потврдија приматот во Штип со тоа што Жарко Арсовски, исто така од КК Штип,  како и Павлов, е второпласиран, додека на трета позиција се борачот и самбист Бобан Данов и кик боксерката Слободанка Стефановска.

За тренер годината е прогласен тренерот на КК Штип и селектор на македонската карате репрезантација Сашко Арсовски.

Најдобри младинци се Фадил Назифов – борење, Никола Нацев – кик бокс, Мила Вакувска – одбојка.

Најнадежен спортист Димитри Радев – џиу џицу.

Во кадетска конкуренција најуспешни се Стефан Штерјов и Ненад Панов – борење и Данил Николиски – џиу џицу.

Во пионерска конкуренција Андреј Трајчев – борење, Јован Атанасов – борење и Јована Панева – карате – КК Македонка.

Во оваа конкуренција, без редослед, заради стимулирање на најмладите, се  прогласени и Јован Николиски – џиу џицу, Џем Пашов – КК Штип, Ива  Колева – ЖЖК Тим Арена, Вероника Зашевска – Челични, Јован Данилов – Гладијатор, Стефан Антониев – Брегалница.

Судија на годината Никола Мицевски, кој судеше на ЕП во Италија во одбојка за млади, Училитшен спорт – Ангелчо Рунчев, Методи Самарџиски, најдобар клуб КК Штип.

Спортски работник на годината Марија Гогова и Мијллче Маџаров. За придонес во развојот на спортот Маја Ашкилова. Новинар Зоран Ристовски, без присуство на публика, освен на  спортистите и членовите на Комисијата и градоначалникот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON