Емил Павлов (- 60 кг) во борбата за бронзениот против Калвис Калнинс од Летонија на Европското првенство го освои брознениот медал совладувајќи го 1-0.
Претходно Павлов убедливо ги победи Емил Јанчу од Романија 8-0 и Павел Пучиловски од Полска 9-1, во четвртфиналето загуби од Турчнот Ајкут Каја со 5-3. А во репасажот беше подобар од Софијан Агуџил од Франција со 2-0. Павлов против Каја до пред карјот водеше со 3-1, кога веќе беше виден во полуфиналето тој ја загуби борбата со 5-3.
Пртепладнево Наташа Сетфановска (-61 кг) за 24 секунди ја загуби борбата за бронзениот медал на Европското првенство во Монпелје со Србинката Јована Прековиќ.
Нашата каратистка е поразена со 5-0. Србинката поведе со 1-0, за на крајот да направи ипон и јуко.
Правата надеж за медал на ЕП пропадна, ги чекаме настапите на Емил Павлов и на Пуликсенија Јованоска во кати.
Стефановска претходно за белажа победи против Италијанката Лаура Пасква 4-1, Унгарката Никола Барта 1-0, загуби од финалистката Луси Игнас од Франција со 0-1, а во репасажот ја совлада Швајцарката Рамона Бридерлин со 1-0.
Ipon.mk/В. Д.