Најдобриот македонски каратист Емил Павлов во понеделник заминува на тренинг камп во Аранџеловац, Србија, кај оплимписката шампионка Јована Прековиќ. Поради ова на учествува на Балканското првенство во Пореч, Хрватска, кое почна денеска
„На покана на нејзиниот тренер Роксанда Атанасов ќе бидам една недела на тренинг камп со повеќе познати имиња во каратето од повеќе земји, како Јована Прековиќ, Ивет Горанова, Сајматов од Узбекистан Плакутин од Русија и други“, рече Павлов и додаде:
„Овој камп ми беше договорен уште пред да дознаам дека ќе има Балканско првенство и затоа не отидов во Пореч“.
Павлов се подготвува за Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, од 16 до 21 ноември.