Вчера градоначалникот на Штип, Иван Јорданов приреди прием за светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов.
На приемот присуствуваа и тренерите на КК Штип, чиј член е и Емил Павлов.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов му го честиташе историскиот успех на Емил Павлов на СП, а штипскиот спортски херој и икона на Штип и Македонија, изјави дека негова желба е и да ја освои титулата светски шампион.
„Верувам дека и тој мој сон ќе го исполнам на идното СП…“-рече Емил Павлов.