Освојувачот на сребрениот медал од Светското карате првенсво, Емил Павлов, од 18 до 20 февруари ќе настапи на Карате 1 Премиер лигата во Фуџаирах, Обединетите Арапски Емирати. Македонија вкупно ќе ја преставуваат шестмина каратисти.
Ова ќе биде прв меѓународен настап за светскиот вицешампион и најдобар макдонски каратист.
„Ова е прва Премиер лига за оваа година со нов формат. Најдобрите 32 од секоја категорија ке се натпреваруваат во нов систем – 8 групи по 4 натпреварувачи. Прво ќе се оди по „Бергер-систем“ секој со секој и потоа најдобриот од секоја група оди во четвртфинале.
Мислам дека овој нов систем е многу подобар и многу пореален за сите, а секој од нас ќе има по минимум 3 борби“, вели Емил Павлов и додава:
„Моите очекувања се да покажам добри перформанси и да си ја проверам формата, за да знам до каде сум“.
Емил истакнува дека овој турнир му е дел од подготовките за Европското првенство во мај и Светските игри во Америка во јули.
„Моја најголема цел за оваа година се овие два турнира“, посочи Павлов.