Златното момче Емил Павлов ќе се бори за светската титула против Французинот Стивен Дакоста на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ.
Павлов извојува пет победи, а во полуфиналето славеше против Мартиал Тадиси од Унгарија 3-3, бидејќи прв освоен поен.
Финалето е во сабота од 18:00 до 18:10 часот.
Ова е втор медал за Македонија на Светските првенства по бронзата на Жарко Арсовски на СП во Белград 2010 година.
На СП ќе настапат 1054 натпреварувачи од 117 држави.
Резултати Светско првенство:
-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција)